Саутемптон стана третиот клуб во Премиер лигата со кинески сопственици откако бизмисменот од најбројната земја на светот Цишин Гао за 120 милиони фунти откупи 80 проценти од акциите на екипата од Сент Мери стадионот. Досегашната носителка на мнозинскиот пакет, Швајцарката Катерина Либхер ја соопшти веста со додаток дека ќерката на Цишин, Нели Гао ќе биде директот во клупскиот борд.



Освен Саутемптон кинески акционери имаат и Манчестер Сити и ВБА од првата дивизија, но и Астон Вила, Бирмингем и Волверхемптон во Чемионшип.