Новото име на Македонија под графа „строго доверливо“

„Преговорите се процес од сериозно значење, се работи за проблем кој е многу долг и кој води кон решение, кое ќе биде резултат на взаемен компромис, достоинствено решение кое ќе го заштити дигнитетот на граѓаните од двете земји.



Портпаролот на владата Миле Бошњаковски, како што пренесува „Фокус“ рече дека нема што повеќе да додаде на изјавата на премиерот Зоран Заев за географска одредница.

Медиуми во Грција во Македонија, но и во регионот шпекулира(ат) околу идното име на Република Македонија како „излез“ од 27 годишниот спор откако двете земји во септември 1995 ја потпишаа Времената спогодба со коа почнаа разговорите за разликите околу името.

Нова, Горна, Вардарска па дури и конавици од типот „Горна Македонија“ беа ставени на медиумска лицитација, но одговор ќе има кон средината на месецов кога, како што е најавено, Коѕиас ќе ги испорача своите седум  барања кон Скопје кои се ндвор од прашањето за името.

Грчкиот  „То вима“ пишува дека за медијаторот, Метју Нимиц, приоритетни се предлози како Горна и Северна Македонија.