Со потпишување на договорот утре напладне во просториите на својата фирма-ќерка во Скопје, австриски „Новоматик“ и официјнално ќе стане генерален спонзор на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
Групацијата „Новоматик“, основана во 1980 година, е еден од најголемите меѓународни производители и оператори на технологии за игри на среќа и вработува повеќе од 25.330 луѓе низ околу 50 земји во светот.
Вардар, кој со победата над Детонит Плачковица од Радовиш во баражот избори опстанок во Првата македонска фудбалска лига, пред три дена ги почна подготовките за новата сезона во која најавува атака на (нај)висок пласман.





