Градот Дубаи на Обединетите Арапски Емирати го урна Гинисовиот светски рекорд за најголем ласерско-светлосeн шоу на површината на една зграда на дочекот на 2018.



Десетици илјади гледачи присуствуваа на шоуто „Светлина до 2018“, врз највисоката зграда на светот Бурџ Калифа (над 829.8 метри) кое го замени традиционалниот огномет во емиратот.

Визуелни ефекти беа проектирани не само во највисоката зграда во светот, туку и на фонтаната Дубаи и на блиските згради.

Во „ласерското шоу“ беа вклушени националните симболи на Обединетите арапски емирати, како што се имиџ на сокол и траеше околу седум минути.

Новогодишниот настан во Дубаи го собори рекордот, претходно поставен во Хонг Конг во 2013 година, кога ласерското шоу беше проектирано во меѓународниот трговски центар на градот на површина од над 46.000 квадратни метри.

Овој пат површината ебеше двојно зголемена – на површина од над 109.000 квадратни метри.