Нови 20 хоспитализирани, меѓу нив тројца пожарникари

Директорот на Фондот за здравство Сашко Клековски на Фејсбук објави дека денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи тројца пожарникари.



„Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица.

На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац)“, пишува Клековски.

Тој информира дека вкупниот број на повредени кои се лекуваат во странство е 73.

„Во Србија едно лице е во КЦ Ниш, во ВМА се четири лица и КЦ Белград се осум повредени. Се очекуваат нови транспорти ноќеска во Атина, Грција и Загреб, Хрватска“.

Директорот на ФЗО објави и дека денеска пристигна тимот од Израел од Шеба центарот.

„Тимовите од Чешка и Израел се во Клиничкиот центар во Скопје, а денес ги поздрави и Христијан Мицкоски, Претседател на Владата“, се вели во објавата.