Нови закани на „Хашкиот“ „командант Вентили“-Дураку кон Македонците и ВМРО ДПМНЕ со „хаос во Р*М, ако не влезе во ЕУ“!

„Земјата се наоѓа во криза и таа е сега на крстопат: кон ЕУ, или кон дестабилизирачките политики, па без промена на Уставот нема да има нова Влада.“ – изјави во емисијата „Клан дебата“ Садула Дураку, инаку познат како самонаречениот „Командант Вентили“,  кој во летото 2001 година со уште двајца припадници на УЧК го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро, по што населените места од кумановскиот крај немале вода два месеца. Поради тоа, Дураку стана обвинет во судски предмет, кој здоби третман и на „Хашки случај“ за злосторства против цивилното население.



Во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија „Хашкиот“ „Командант Вентили“, како носител на изборната листа на ДУИ во изборната единица 2, синоќа се впушти повторно во нови закани кон Македонците, по она што им го стори во 2001 година, овојпат порачувајќи им дека „Албанците, кои не се тука дојденци, туку се автохтони, ќе знаат да се насочат и поинаку, ако Македонците не им бидат благодарни за се што Албанците им помогнале многу“! „Тие имаа проблеми со Грција, со Бугарија, но и со Србија околу црквата. Сите тие проблеми ние заедно ги амортизиравме и ги прифативме врз нашиот грбник. Ние имавме меѓународна соработка, за да не се заоструваат односите, а сега Македонците не ни се благодарни за нашата работа!“

Дураку го нападна Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и на коалицијата „Твоја Македонија“ дека „ја води во хаос државата, наспроти тоа што Албанците ја чуваа секогаш стабилноста на државата, која сега треба да чекори напред и да се интегрира во ЕУ“!

Садула Дураку синоќа ги „предупреди“ Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ и Македонцитесо уште поголеми и невидени предизборни закани дека „земјата ќе се најде во хаос, ако не се интегрира во ЕУ“, едновремено „потсетувајќи“ повторно на „УЧК и 2001-та година“!

„Ми се смее кога го слушам Мицкоски додека вели дека ДУИ го моли за коалиција во Владата. Тој треба да знае дека ние не молиме никого, ниту бараме милостина, ниту бакнуваме рака некому. Колку што * Македонија му припаѓа на Мицкоски, толку ни припаѓа и нам, на Албанците и ние нема никогаш да се откажеме од неа! Али Ахмети не моли никого, бидејќи воспостави нова улога за сите Албанци во војната во 2001 година! Говорот на Мицкоски и неговата политичка незрелост ја водат во хаос оваа држава. Мицкоски не е свесен дека Албанците не се Албанците од поранешната Југославија, туку од 2001 година. Промената во оваа држава е направена во 2001 година со УЧК. Нашата стремеж е да ја интегрираме земјата во ЕУ.“ – кажа „Командант Вентили“, алиас Садула Дураку од ДУИ и од „Европскиот фронт“ во Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.