Компанијата ХМД Глобал, го претстави Nokia 3310 3G, кој ќе биде достапен во средината на октомври. Моделот ќе се продава со основна цена од 69 евра.



Со нови, свежи бои и нов кориснички интерфејс што им овозможува на обожавателите да избираат тема што одговара на нивното расположение, овој модерен класик сега ја поддржува 3G мрежата и ја прави достапна за корисниците ширум светот.