Новиот канадски премиер: Канада нема да биде дел од САД

 

Марк Карни, кој победи во трката да ја води владејачката канадска Либерална партија и ќе го наследи Џастин Трудо на премиерската функција, изјави дека Канада никогаш нема да биде дел од САД, како што тоа го понуди Трамп.



Трамп упорен во идејата Канада да стане 51-ва американска држава

Карни ќе ја преземе функцијата во турбулентно време за Канада, која е среде трговска војна со САД под претседателот Доналд Трамп и наскоро мора да одржи општи избори.

„Америка не е Канада. И Канада никогаш, никогаш, нема да биде дел од Америка на кој било начин, во каква било форма. Ние не ја побаравме оваа борба, но Канаѓаните се секогаш подготвени кога некој друг ќе ја фрли ракавицата“, додаде тој во победничкиот говор.

„Некој се обидува да ја ослаби нашата економија“, рече Карни, мислејќи на Трамп и заканите со зголемување на царините.

„Тој ги напаѓа канадските работници, семејства и бизниси. Не можеме да му дозволиме да го направи тоа“.

„Ова нема да биде бизнис како и обично“, додаде Карни.

„Ќе мораме да правиме работи кои претходно не можевме ни да ги замислиме, а со брзина што не мислевме дека е можно.