Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, положи заклетва како нов претседател објави агенцијата Ројтерс.
По неговиот избор минатиот месец, Тасулас вети дека ќе промовира национално единство.
„Грција мора дополнително да го зајакне својот меѓународен статус, а истовремено да се стреми кон напредок и доверба внатре“, рече тој. „Верувам дека овие цели се широко споделени“.
Тасулас (66) беше номиниран од премиерот Киријакос Мицотакис.
Улогата на претседателот во Грција е главно церемонијална.
Константинос Тасулас доаѓа на местото на Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истече во март.







