Новинар го нарече Шилегов „Стоко пијана и корумпирана“ и се повлече

Новинарот кој истражува криминал и корупција Александар Божиновски а е основач на истражувачката мрежа СКООП која е поддржана од странски фондации и амбасади, на невообичаен начин го критикува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.



Божиновски кој важи за новинар кој не сака да се експонира а не е приврзаник на ниту една политичка партија пишува за начинот на кој Шилегов го решил пристапот до Водно.

“Автобус за до крстот на Водно на секој час во услови кога е забрането со автомобил да се оди на Водно? При тоа објавуваат три различни распореди за тргнување. Луѓето се третираат како стока. Автобусот е преполн и имате шанси да се качите само на Железничка станица. Кога ставате забрана за одење со возило заборавивте на малите дечиња кои немаат сила да ае качуваат пешки до средно Водно.
Знаете колку дечиња плачеа денеска затоа што не можеа да одат на жичница. Ова ли е твоето менаџирање Шилегов стоко пијана и корумпирана?

Забраната за патување до Водно градот Скопје ја донесе со цел да се намали загадувањето.

По првичната реакција на Божиновски тој од својот пост на Фејсбук ги избришал навредливите зборови за Шилегов.