Новинарот Саше Димовски пред смртта бил исфрлен од ЗНМ затоа што членувал во комисија за помилување

Новинарот Саше Димовски пред смртта бил исфрлен од Здружението на новинарите на Македонија затоа што членувал во комисија за помилување.



Оваа информација ја открива уредничката на Телма Снежана Лупевска Созен која на Фејсбук се прости со Димовски и објави дека е вознемирена од информацијата според која покојниот новинар бил информиран од раководството на ЗНМ дека веќе не е член на организацијата.

Причината била што тој станал член на комисијата за помилување во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Лупевска Созен прашува зошто претходно на ист начин од ЗНМ не бил исфрлен и друг новинар кој претходно бил член на комисијата за помилување.

,,Вечна слава колега Саше! Беше борец и како човек и како новинар .Критичен и со остро перо. Почивај во мир.
А колку што ме вознемири веста за неговата смрт ме вознемири и односот на Управниот Одбор на ЗНМ кој вчера најбезобразно му соопштил на Саше дека не е веќе член на здружението ( за 5 години) оти бил член на државна комисија за помилување во која и претходно членувал наш колега но не беше избришан од списокот на ЗНМ.
За мене раководството на ЗНМ е збир на група луѓе со лични агенди и двојни аршини особено дрско кон новинарите како Саше кои немаат влакна на јазикот”, пишува обично воздржаната и умерена новинарка која сега е погодена од однесувањето на ЗНМ.

Лупевска до ЗНМ по смртта на Саше Димовски: Не ви е срам што го исклучивте додека се бореше за живот во болница?