Новинарка го нарече Бајден Бин ….. (ВИДЕО)

Неверојатен лапсус направи бразилска новинарка информирајќи за протоколарните активности на американскиот претседател на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.



Водителка Ана Марија Брага го нарече американскиот претседател Џо Бајден – „Бин Ладен“.

„Серија официјални фотографии, со францускиот претседател Емануел Макрон и нежно ракување со Бин Ладен од САД“,  рече Брага за време на телевизиската емисија.

Водителката брзо беше коригирана од нејзиниот колега во студио, по што и двајцата се насмеале коментирајќи ги тешкотиите на раните утрински емисии.(Плусинфо)

Видео на следниот ЛИНК