Новинари со години „краделке“ се’ што ќе им дојде под рака од претседателскиот авион Air Force One, открива новинарска репортажа која крена прашина.
„Со години, новинари и други тивко ставале сè, од гравирани чаши за виски или чаши за вино и сè друго со ознака „Air Force One“ во новинарските ранци ранци пред да излезат од авионот“, објавиja медиуми.
Минатиот месец Здружението на новинари од Белата куќа испрати имејл до своите членови во којаистакна дека исчезнувањето на предмети од прес-кабината во претседателскиот авион, кои биле земени како сувенири, не поминало незабележано.
Кога американскиот претседател патува, 13 новинари го следат во задниот дел на неговиот „Боинг“.
Медиумските компании плаќаат за нивните новинари да летаат со владини авиони како и за оброците и пијалоците кои се служат за време на летот.
Како сувенири, екипажот дели само пакетчиња M&M со претседателски печат и потпис.
Очила и други предмети со печат „Air Force One“ може да се купат онлајн.
Но, тоа не е доволно за многумина во авионот, се вели во извештајот на Политико, кој го опишува ѕвечкањето на чиниите и стаклените садови во ранците на новинарите при слегувањето.
Поранешен дописник од Белата куќа за еден голем весник еднаш приреди вечера на која служеше храна на позлатени чинии од Air Force One, кои биле – украдени.
Засега, само еден новинар го послуша „карањето“ од здружението на дописници — тој „дискретно вратил“ извезена навлака за перница, откако беше договорен состанок меѓу репортерот и претставник од печатот во паркот спроти Белата куќа, соопшти Политико.






