Нова тактика против македонските собири во Грција – Изненадување е кој ,,ги брани” Македонците

Во Грција се случува нова тактика насочена против одржување на македонските собири во Грција каде се свири и се пее на македонски јазик.



Последниве недели во периодот на таканаречените,,Панаѓури” припадници на крајната десница во Грција саботира Македонски настани со пријавување во полиција.

Во пријавите грчките националисти лажно пријавуваат дека се случуваат “сепаратистички” настани што е казниво со закон во Грција.

Македонци со потекло од Егејска откако важат дека во обидите за надминување на овие инциденти поради кои полицијата реагира при одржување на панаѓирите, во смирување на тензиите се вклучени припадници на две грчки партии.

Македонци од Егејска Македонија откриваат дека за смирување на тензиите се ангажираат грчки пратеници или партиски претставници на партиите Неа Демократија и на Сириза затоа што голем дел од Македонците гласаат за овие грчки партии.

,,Три недели по “забраната” да се пее на Македонски во Соровичево, имаме нов настан.
Ќе ечи “ВЕЛАТ НЕ НЕЕМА АМА ЕВЕ СМЕ”, пишуваат Македонци кои на социјалните мрежи откриваат дека нема да се откажат од македонските прослави на кои се пејат и македонски патриотски песни.