Нова драма во ,,Случајот Бисера” – за кого министерката купувала ХХЛ маици за 95 евра?

Во јавноста се појави ,,драма во драма” откако екс министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска стана дел од скандал со купување луксузна стока од службената министерска картичка.



Според најновите информации што ги лиферува пратеникот Миле Лефков во едно од своите патувања Стојчевска Костадиновска купила 3 маици за 95 евра со величина ХХЛ.

Новата епизода во случајот ,,Бисера Антоанета” содржи прашања поврзани со корисникот на маиците со големина ХХЛ.

Најчесто величина ХХЛ носат луѓе над 120 килограми иако некогаш е можно оваа величина да ја користат и лица со величина С, М, Л или ХЛ кога маици се користат за спиење.

Дали екс министерката ги користела скапите маици за спиење или тие се подарок за нејзиниот сопруг или трето лице е едно од прашањата на кои многумина очекуваат одговор од Бисера.

Делот од информациите за маиците за кои Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит се сомнева дека се купени за мечето кое исто така го купила екс министерката во видеото:

https://www.facebook.com/share/v/LiXkfsZs67kXnMhb/?mibextid=oFDknk