Нова влада, нова правда, нова шанса за слобода за убијците од Монструм

Јавниот обвинител Лилјана Спасовска на денешната јавна расправа во Врховниот суд го смени правецот на судската постапка на случајот Монструм во кој се процесира постапката против обвинетите во случајот убиството на 4 момчиња од Радишани и рибарот од селото Црешево кои што беа свирепо убиени на велики четврток пред 5 години.



Обвинителката Спасовска во име на македонското Јавно обвинителство денеска побара  да се укинат пресудите на Апелациониот суд и на Основниот суд Скопје 1 за случајот  „Монструм“ и случајот да се врати на повторно судење.

Барањето на обвинителството важи за петтмина осудени на доживотен затвор кои што се во македонските затвори како и за двајца обвинети кои што се во бегство на Косово од каде што се одбива нивна екстрадија.

Обвинителката Спасовска на крајот на јавната расправа  побара поради неутврдената фактичка состојба  во случајот “Монструм“, но и поради постоење на прислушувани разговори во Специјалното јавно обвинителство(СЈО), да се укинат пресудите на скопскиот Апелационен суд и на Основниот суд Скопје 1 од Скопје и случајот да се врати на повторно судење.