Во својата најнова анализа безбедносниот аналитичар и познавач на Блискиот Исток Раби Седрак кој подолго време живее во Скопје дава пресек на настаните кои се случуваат во војната меѓу Иран и Израел.
Седрак кој е дел од Институтот за меѓународни стратешки и безбедносни студии смета дека веќе не се работи за судир меѓу две земји туку за конфликт меѓу два дела на светот, односно мини светска војна.
Забелешките на Седрак во продолжение:
– Војната меѓу Иран и Израел не е повеќе војна помеѓу две држави туку е мини-светска војна
– Војната најверојатно ќе го промени наскоро лицето на целиот Блиски Исток
– Израел не видел такво бомбардирање од 1973 (од страна на Египет – војната на Јум Киппур)
– Бомбардирањето на Тел Авив синоќа не беше конечен воен одговор од Иран туку беше демонстрација и почеток на нешто ново
– 500 ирански ракети и беспилотни летала беа испукани одеднаш во три бранови
– Израелскиот систем за воздушна одбрана (Ајрон Дом) пресретна голем дел од нив, но неколку минути подоцна, бројот на ракети почна да го надминува капацитетот на системот и неколку ракети почнаа да минуваат низ системот
– Според извештаите на медиумита Хаарец и Канал 13, уништувањето беше без преседан. Неколку згради се урнаа, вклучувајќи една кула од 32 ката, а 300 луѓе останаа на улица. Во Рамат Ган, девет згради беа уништени, стотици повредени и четири смртни случаи
– Бидејќи целиот систем (airforce, air defense & missile system) на Техеран не беше во функција, Иран користеше подморници за лансирање балистички ракети од море. Дел од ракетите биле хиперсонични
– Иран почна да напаѓа чувствителни воени инсталации во Израел, а не само гранични населби
– Ова беше покрај таргетирањето и затворањето на аеродромот Бен Гурион, како и таргетирањето на израелските воздушни бази. Уште позачудувачки е што Иран успеаја да ја погоди зградата на министерството за одбрана
Ова беше само во првиот удар!
– Иран рече дека се ова е само почеток, портпаролот на иранската војска се појави на прес конференција и рече дека следи удар што ќе биде 20 пати посилно од вчера (2000 ракети)
– Иран веќе го поседува најголемиот ракетен арсенал на Блискиот Исток, со повеќе од 55.000 ракети од различен тип, вклучувајќи ракети со краток, среден и долг дострел, а голем дел се хипер соник.
Зошто индикаторите покажуваат дека војната не е повеќе меѓу Иран и Израел и можеби ќе се претвори во регионална војна?
– Тензијата по нападите стана регионална (користејќи територии на трети држави)
– Франција, одма после нападите, објави целосна поддршка за Израел и дека ќе учествува во одбраната против Иран
– Исто изјави Германија, Индија и неколку други држави
– Од другата страна, Пакистан официјално објави својата воена поддршка за Иран со цела своја сила и можности. (Пакистан е нуклеарна држава)!
– Над 20% од Муслиманите во Пакистан се Шиити (втора најголема Шиит популација во свет)
Пакистанскиот министер за одбрана изјави следно:
“Нападот на Израел врз Иран е сериозна закана за регионалниот и глобалниот мир, Иран е сестринска држава, а не само соседна држава. Ако муслиманите не се обединат, секоја држава ќе стане цел на поголем израелски план.“
– Северна Кореја, исто така, објави подготвеноста на Кореја (бидејќи не признаваат дека има 2 Кореа) за директна воена интервенција против Израел и САД во одбрана на Иран
– Постојат извештаи за кинеска логистичка и воена поддршка што ќе се нуди на Иран, како и обемна политичка и економска поддршка од БРИКС и Шангајската организација за соработка.
Сето ова значи дека војната повеќе не е меѓу две земји; таа стана конфликт меѓу речиси две глобални оски!
Иран официјално се закани дека ќе го затвори Хормус теснец и ќе спречи сите бродови да поминуваат. Ова е еден од најважните поморски премини во светот, од прилика 20% од светската трговија поминува низ него.
Тоа значи дека нема да излегува нафта од заливот и нема да се развива меѓународната трговија. Снабдувањето со енергија до западните земји и САД ќе биде во тесно, особено периодов и со настаните во западниот дел! Проблемот е што бродските компании веќе почнаа да ги менуваат своите рути, за да го избегнуваат теснецот!
Според воените извештаи, САД почнаа да ги мобилизираат своите воздухопловни бази во Заливот и да ги ставаат носачите на авиони во состојба на готовност.
Во Вашингтон постои страв дека било каква директната американска поддршка за Израел ќе го натера Иран да ги нападне американските бази на Блискиот исток, особено во Катар, Бахреин и Ирак.
Ваквото сценарио, американската администрација мора да го избегне по секоја цена, особено затоа што Иран изјави дека ќе ги нападне американските бази во случај на било каква интервенција од американската страна. И тоа ќе значи уште една беспотребна НАТО интервенција.
И сега, дали оваа војна ќе остане помеѓу Иран и Израел? Или ќе се прошири? ќе видиме.
Имам едно сценарио на ум но многу ми е страв дури да го споделам…ќе видиме, пишува Седрак.
Најнова вест на темата
Работите се многу покомплицирани од што се гледа со голо око
Поврзана содржина
Раби Седрак открива што стои во заднината на невидениот скандал во историјата на војувањето





