Новак Ѓоковиќ изрази сочувство: Го објави македонското знаме со црна панделка

Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изрази сочувство за жртвите кои настрадаа во пожарот во Кочани. 



Тој на Инстаграм стори го постираше македонското знаме и црна лента врз него. Во пожарот загинаа 59 луѓе, а има и голем број повредени. Српската влада со едноминутно молчење им оддаде почит на загинатите, а во вторник кај нив ќе биде Ден на жалост.