Меѓународна кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) денеска во Осло официјално ја доби Нобеловата награда за мир.
При примање на наградата на церемонија во Осло, Беатрис Фин, директорка на ICAN рече дека ризикот од користењето на нуклеарно оружје „сега е поголем од времето на Студената војна“.
Според неа, светот се соочува со нуклеарна криза поради “повреденото его”, објави агенцијата.
“Смртта на милиони можеби е одалечена само колку мал излив на лутина или бес. Ние имаме избор – крај на нуклеарно оружје, или на крај за нас”, рече Фин.
Водечкиата активистка на кампањата, Сатсуки Турлов која заедно со Фин ја прими наградата, зборуваше за својата борба да преживее по атомската бомба врз Хирошима и за целта на организацијата да се постигне меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје.
Таа имала 13 години кога атомската бомба беше фрлена врз Хирошима.
“Нашето светло денес е договор за забрана на [нуклеарно оружје]”, рече Турлоу.
Договорот за забрана на нуклеарното оружје досега го потпишаа 56 земји, од кои ниту една не е нуклеарна сила, а ратификуван е од само три земји.
На церемонијата во Осло не присуствуваа претставници од земјите кои имаат нуклеарно оружје. Со нуклеарен арсенал располагаат САД, Русија, Кина, Индија, Пакистан, Франција, Велика Британија, Израел и -Северна Кореја.





