Членовите на Општинската изборна комисија во општина Теарце уште не се платени за нивниот ангажман на локалните избори на 15 и 29 октомври.
За членовите ова е веќе навредливо и крајно неодговорно од општината.
Од Советот на општината за „Тетова Прес“ изјавиле дека се чека ребаланс на општинскиот бучет па потоа ќе следела исплатата.
Како што „Експрес.мк“ веќе објави, неколку месеци исплата чекаат и оние што работеле како членови на ИО во Шуто Оризари