Ни се случува ,,Тешкото” а однародените играат оро, Силјановска за бизарните митинзи на Пендаровски

Професорката и кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова се чуди во ситуација кога над 70% од народот вели дека водат погрешна политика, а власта игра оро на предизборните митинзи.



,Нам ни се случува Тешкото, ама нив не ги допира зашто се однародени”, вели Силјановска Давкова која ја коментира и влошената оценка за демократијата во Македонија.

,,Мнозина од вас денес видоа што вели Фридом Хаус за состојбите во Македонија. Вели дека ова е режим, хибриден, циклично-хибриден режим. Значи, се вртиме во круг.
Не бива реформатори од луѓе потонати во корупција и криминал. Ние сме реформаторите, а тие ќе бидат клиентите. Крајно време е овие клиенти во сите области да одговараат, се разбира, пред независното судство”, смета кандидатката за шеф на државата која за разлика од Пендаровски кој би и дал позиција во уставниот суд кај својот главен ривал не гледа квалитет за висока државна функција.

,,Претседателот откако вчера ме пофали дека сум била одлична професорка, врвна интелектуалка и дека сум имала силна морална вертикала и затоа ако победел, ќе ме предложел за уставна судијка. Јас имам проблем бидејќи не ќе можам да го предложам за во Уставен суд бидејќи критериумите што јас ги имам за уставен судија се многу високи”, порачува Силјановска Давкова.