Европскиот фронт на ДУИ не предвидува ниту еден Македонец, Бошњак, Србин, Влав, Црногорец, Хрват, Словенец или Бугарин да влезе во новиот парламент кој ќе се формира по 8 Мај.
ДУИ денеска одржа симулација на првата конститутивна симулациска седница на Собранието по парламентарните избори според која во парламентот би влегле само Албанци, Турци и Роми.
Според ДУИ иден претседател ќе биде Бујар Османи избран од новоизбраното Собрание.
Замислената конститутивна седница на Собранието ја отвори лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој избра двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз, а како прва точка на дневен ред ја предложи верификација на мандатите на пратениците и втора точка избор на претседател на Собранието.
По изборот на Зијадин Села за претседател на Собранието, како трета точка на дневниот ред, се предлагаат уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот на Република Северна Македонија, преку измена на Уставот со гласање на 120 пратеници.
Четврта точка на дневниот ред беше Свечената декларација на претседателот на Република Македонија, а по говорот на Бујар Османи, првата конститутивна седница на Собранието на Република Македонија беше завршена.
Видеото од симулацијата на овој линк
https://www.facebook.com/share/v/KVefTekguVZLS9xR/?mibextid=oFDknk






