До пред некое време најдобриот тенисер на светот кој отсуствува шест месеци од терените денеска требаше конечно да се врати и да заигра во полуфиналето на егзибицискиот турнир во Абу Даби. До тоа не дојде бидејќи Новак Ѓоковиќ се пожали на болки во раката и го откажа мечот со Роберто Баутиста Агут.
Ваквиот развој остава простор за најнепосакуваното сценарио, а тоа е Србинот да не се појави ниту на првиот Гренд Слем во сезоната во Мелбурн каде што тој има шест титули и каде што без оглед на се Ѓоковиќ ќе беше еден од фаворитите.