Дали платите го следат расотот на трошоците на граѓаните, дали растот на просечната плата е доволен показател за примањата на граѓаните и зачувувањето на животниот стандард на работниците? По објавата на Државниот завод за статистика дека има раст на просечната плата во Македонија која во декември достигна до 40 илјади денари, се стекнува впечаток дека има подобрување на животните предуслови за сите граѓани. Но, сепак, клучното прашање е колку просечната плата е одраз на реалните примања на вработените граѓани, но и дали овој раст е доволен да ги покрие зголемените трошоци, особено поради високите стапки на инфлација кои ја зафатија нашата земја минатата година, кога цените на скоро сите продукти пораснаа.
- Точно е дека растеа и трошоците на живот, како и платите. Податоците говорат дека растот на трошоците на живот во просек е 9,4 отсто, додека растот на просечната нето плата изнесува 14,9 проценти. Тоа значи дека реалната нето плата пораснала за 5,5 отсто. Јас целосно ја разбирам дискусијата во јавниот дискурс и помеѓу граѓаните, која се сведува на тоа дека животниот стандард е оштетен поради порастот на цените.
Меѓутоа, гледаме дека платата, во просек, растела повеќе од растот на цените, што е клучно за да го зачува животниот стандард. Она што се случуваше на терен е дека имавме усогласување во делот на минималната плата, раст кај платите во јавниот сектор, а сето тоа го следеше и привантиот сектор. Да напоменам дека според наше неодамнешно истражување, главен притисок на фирмите за раст на платите во 2022 година бил недостигот од квалификувана работна сила, што значи дека пазарот на труд е „тесен“ и тоа прави притисок на платите. Во еден помал дел, таков притисок извршила и минималната плата – вели извршната директорка на Институтот за економски истражувања и политики, Благица Петрески.
Целиот текст прочитајте го тука.





