Активистите за женски права велат дека е штета што ниту еден од двата албански политички блока во Македонија, кои ќе се натпреваруваат на парламентарните избори на 8 мај – Европскиот фронт и коалицијата ВЛЕН – не се осмелуваат да се натпреваруваат со жена на предводник на листите за пратеници во шест изборни единици.
Албанските политички партии кои се дел од Европскиот фронт, како и коалицијата ВЛЕН, претходно најавија дека застапеноста на жените во изборните листи ќе биде и поголема од законската обврска од 40 проценти.
Од дрига страна и како за пример, СДСМ во ИЕ број три најави дека ќе се натпреварува со Сања Лукаревска која раководи со Управата за јавни приходи, додека македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ број 6 ќе има за цел да ја добие довербата на граѓаните од овој крај со Дафина Стојановска.
Нафије Селмани, активистка за правата на жените, која на локалните избори се натпреваруваше и како кандидат за градоначалник на Град Скопје, коментирајќи ги листите со кандидати за пратеници на политичките партии на Албанците, на кои на ниту една жена не и е доверена задачата да го предводи изборна листа вели дека тоа покажува дека и по 30 години од плурализмот на државата, за Албанците политиката останува машка работа, пишува Telegrafi.
„Албанските политички партии не го сфатија сериозно учеството на жената во политичкиот живот и во исто време не се доволно свесни дека самите политички партии имаат корист кога жените учествуваат во изборните процеси, се дел од законодавната институција, но имаат и раководни позиции . Учеството на жените не треба да се гледа од димензијата на исполнување на законската обврска, туку активно учество во политичкиот живот преку артикулирање на барањата на половина од населението во државата“, вели Селмани.
Од друга страна, Рита Беадини од платформата Mollëkuqja, која се фокусира на правата на жените, за Радио Слободна Европа (РЕЛ) вели дека самите жени мора да бидат поборбени за да го заземат политичкото поле подеднакво со мажите.






