Ниту еден обвинет обвинител не ги негира делата за кој зборува суспендираниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
Иако Хајрулахи во повеќе наврати посочува на криминал кај голем повеќе обвинители никој од нив не поднесол барање за извинување или тужби за клевета согласно законот за граѓанска одговорност.
Ова прашање кое го анализира Богдан Илиевски укажува на можноста посочените обвинители знаат дека згрешиле и не сакаат да одат на суд каде што ќе се отвори дебата за нивното поведение.
,,Го гледав вечерва вишиот јавен обвинител (во суспензија, од страна на Коцевски) Мустафа Хајрулахи, кај Драган Милосавлевиќ во Заспиј ако можеш.
И повторно ги посочи сите канцерогени состојби во обвинителството, директно, со име и со презиме. Со случаи, со факти, со околности.
Претходно беше кај Ландов, кај Мирчевски, кај мене, кај Златев. И СЕКОГАШ го зборувал истото. Шокантни обвинувања, шокантни сведочења.
И до ден денес, сте чуле ли, сте прочитале ли, сте сретнале ли БИЛО КОЈ од посочените да го негира, да каже дека лаже, да го обвини за клевета, да го тужи? Да ги омаловажи нештата кои ги кажува?
Јас не. Тоа ми говори и повеќе од она што сум го проценил, разговарајќи со него – а што ми е и повеќе од доволно.
Страшна е состојбата. И мора да се решава со хируршки нож, не со психијатриски кауч” анализира Илиевски.
Вообичаено кога некој јавно ве посочува за криминал или крпење на законот или анањува клевета и навреда, посочениот бара извинување кое доколку не го добие поднесува тужба.
Во случајот сите посочени обвинители молчат и оставаат јавноста да мисли дека тие на истина го прекршиле законот или кодексот на однесување на обвинителите.
За што обвинува Хајрулахи
Скандалозно: Обвинител ја именуваше обвинителската мафија што царувала во јавното обвинителство






