Нимиц: Терминот “Македонија” ќе биде дел од предлогот за името

Во пресрет на денешните разговори за името во Њујорк меѓу преговарачите Наумовски, Василакис и медијаторот Нимиц најава дека терминот Македонија ќе биде дел од предложеното решение дадено од американскиот дипломат.



Иако за сите е јасно дека без зборот Македонија нема решение, медијаторот за грчката телевизија Антена 1 рекол дека овој термин ќе биде дел од неговите предлози затоа што повеќе од 100 земји ја признале под тоа име.

“Ако чекаме уште 25 години само ќе стане полошо”, изјавил Нимиц откако лидерот на партијата Анел Каменос напиша дека негов избор е Република Вардарска без зборот Македонија.