Метју Нимиц, кој беше медијатор на Обединетите нации во речиси тридеценискиот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија  бил забржен дека новата власт  се довела во тешка ситуација со уптреба на „уставното име во писмена форма, но не и во усна“.



„Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „С.Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и нема да им дозволи да ја играат соодветната улога во светската заедница“, вели Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, пренесе МИА.

Според него, новата власт треба да посвети малку време да размисли мирно, без да дава многу изјави, за тоа која ќе биде нејзината политика во однос на Грција, на другите соседи, на ЕУ, а особено во внатрешноста на земјата, посочувајќи дека „извојуваа импресивна политичка победа, но таа поддршка лесно може да се изгуби“.

„Веќе немам никаква формална или неформална улога. Целосно се повлеков од јавниот живот. Но, ако треба да дадам препораки до Скопје, би ги повикал 80 отсто од својата енергија да ја фокусираат на спроведување внатрешни реформи во области како што се борбата против корупцијата, силно јавно управување, владеењето на правото, образованието, економскиот развој и конструктивни меѓународни односи. Исто така, да се опстои во напорите за влез во ЕУ и покрај разочарувањата“, вели Нимиц.

Со останатите 20 отсто од енергијата тој порачува новата Влада да се насочи кон решавање на отворените прашања со Бугарија, но и на „нормализирање на ненадејното нарушување на односите со Грција“ и на останатите регионални и пошироки надворешнополитички приоритети.