„Постои позитивен импулс во двете земји“, „новата влада во Скопје е многу заинтересиран за решавање на ова прашање“, но и „грчката влада признава дека е добро да се реши“ изјави медијаторот во грчко-максонскиот спор Метју Нимиц во интервју за ЕРТ.
На 17 јануари Нимиц ќе се сретне со амбасадорите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис во Њујорк.
Тој истакнува дека сега постои позитивна динамика која се должи на конструктивната клима создадена од страна на министрите за надворешни работи и отсуството на провокативната реторика од страна на новата „скопска“ влада во интерес за решавање на проблемот со името.
Тој вели дека ќе предложи идеи кои веќе беа ставени на маса во минатото, и дека се работи за некој вид на идентификација во името.
Тој е на мислење дека доколку се најде име, Атина и Скопје ќе може да ги решат другите прашања поврзани околу него.
„Мислам дека граѓаните од двете земји можеби се подготвени да се слушнат решенијата кои се во согласност со нивните национални интереси, но тие исто така содржат компромисни елементи кои ќе го решат проблемот“, вели Нимиц.
Тој смета дека тоа ќе биде многу позитивен чекор за грчката надворешна политика и за регионот да се најде решение за овој долгогодишен проблем со северниот сосед“ и дека Грција би можела да игра многу позначајна улога на предводник во регионот, сега кога се ослободи од многу сериозни економски проблеми и е во многу попозитивна економска положба.





