Никој од Западен Балкан не ги исполнува условите за ЕУ, порача Јункер

Во ЕУ само со решени билатерални конфликти…Во оваа фаза, ниту една од земјите од Западен Балкан не ги исполнува сите услови за влез во ЕУ, изјави денес во Софија првиот човек на Европоската комисија по средбата со премиерите за земјите од Западен Балкан.



„Оние кои сакаат да се приклучат на ЕУ, треба да ги исполнуваат сите критериуми и услови за пристапување, но во оваа фаза ниту една од овие држави (Западен Балкан) не ги исполнува сите услови, иако има огромен напредок во сите овие земји“, изјавил Јункер како што пренесува агенцијата БГНЕС.

По завршената турнеја и посета на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ и Косово, претседателот на ЕК пред премиерите детално ја презентира стратегијата за проширување на ЕУ.

На собирот присуствуваат и висоакат претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а председава домакинот, Бојко Борисов, премиер на Бугарија која  е председавач со Европската Унија.

Јункер, ја нагласил потребата за заедничка работа и ефикасна борба против организираниот криминал, „против корупцијата што го уништува општеството“.

„Кога стапив на позицијата реков дека ниту една држава од Западен Балкан нема да успее да се приклучи кон ЕУ до крајот на мандатот на оваа комисија и ова ги растажи нашите пријатели“ изјавил Јункер.

Според претседателот на Европската Комисија, ова ќе се случело доколкуо на крајот на 2025 година бидат исполнети сите услови.

„Сите земји кои сакаат да пристапат во ЕУ мора да и имаат решено сите билатерални и територијални конфликти пред да се приклучат“ категоричен бил Јункер.