Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами, порачува министерот за информатичко општество Стефан Андоновски кој објави дека забранил огромен број онлајн коцкарници.
Министерот апелира сите граѓани кои веќе платиле за влогови во овие онлајн коцкарници да си го повратат платените пари.
,,Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
АПЕЛИРАМ до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие НЕЛЕГАЛНИ страници на несигурен и небезбеден начин.
Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами”, објави министерот Андоновски.






