Веќе четири недели се шири непријатна миризба во хирушките сали, а никој до сега не го детектирал изворот. Од друга страна министерот за здравство Илир Демири пред неколку дена изјави дека дал налог, „независно колкава е цената, компресорската станица да се реновира“.
Пегаз“, „Трегер“, „Винора“, „ТГС технички гасови“, „ЛГ вест Балкан“ се фирмите од кои Министерството за здравство побарало помош за непријатната миризба по хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје, пренесува МКД. Мк
Пегаз“, „Трегер“, „Винора“, „ТГС технички гасови“, „ЛГ вест Балкан“… се фирмите од кои Министерството за здравство побарало помош, но во извештаите на сите експерти од споменатите фирми никаде не пишува каде е изворот.
Од фирмата „Винора“ утврдиле дека во операционите сали има „зголемена влажност во амбиенталниот воздух од 95 проценти, а непознат мирис е забележан после апаратот за анестезија. При ваква влажност на амбиенталниот воздух, мирисите во амбиенталниот воздух се со зголемен интензитет“, стои во извештајот на „Винора“.
За овој проблем први алармираа од ВМРО-ДПМНЕ со сомневање дека можеби операционите сали во хируршкиот центар се затворени поради бактерија МРСА, а не поради системот за компримиран воздух. Но, оваа шпекулација беше веднаш демантирана од хирурзите. За бактеријата МРСА се чекаат резултатите од германска лабораторија.
Заменик министерката за здравство Маја Манолева изјави дека на средба со директорите на хируршките клиники се договориле сите операциони сали во хируршки центар да почнат со работа со користење на надворешни компресори и со посебни садови за компримиран воздух. Така досега функционираа само три операциони сали кои се користеа за оперирање на итни случаи и за операции кои не може да се извршат во другите две скопски болници.
Хируршките сали се затворени поради миризба од непознато потекло, а се оперираат само итните случаи. Сомневањата се дека миризбата потекнува од системите за компримиран воздух и кислород.
Извор:https://mkd.mk/ushte-nikoj-ne-znae-od-kade-doagja-neprijatnata-mirizba-vo-hirurshkite-sali-ama-kje-se-nabavuva-kompresor/





