ДУИ ќе оди во опозиција и ќе одговараат за криминалот и за корупцијата кои што ги прават во Македонија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, Александар Николоски, на митингот во Струмица.
Тој рече дека ќе биде испитано се’ што правел Артан Груби како врвен претставник на криминалот и на корупцијата во Македонија.
„Сакам да го поздравам од овде, од Струмица, и да му кажам дека ќе му ја испитаме цела работа од точка до запирка, ќе биде испитано сѐ што правел. Но, и сите наводи за криминалот и за притисоците кои ги прави.
Ќе испитаме и што прави другар му Перпарим во Лотарија на Македонија, што правеа со притисоците за Законот за игри на среќа, која е неговата улога во казината во Македонија, каква е неговата поврзаност со бројни градежни фирми во Македонија, а и каква е неговата поврзаност со спортските клубови кои што се сѐ освен спортски клубови.
И да му кажам одовде дека нема да му дозволиме нему блиска фирма да копа во Беласица, тука да отворат рудник за да вртат нивните камиони и багери. ДУИ нема да работи во Струмица и во струмичко„, порача Николоски.






