ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила на избори, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата “Клик Плус“ на ТВ 21.
„Ако на пример до пред некоја недела бројките беа 53, 54, 55 пратеници, сега можам да кажам дека се 55-56 пратеници, а ништо чудно да одат и нагоре.
Николоски истакна дека главната заложба на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе биде самостојно да формира влада за да не зависи од никого и да направи суштински промени во Македонија.
„За да направиме суштински промени во Македонија, ние мораме целосната постава на влада да смениме. Ниеден од овие два клучни партнери во владата не смее да е дел од следната влада.
Инаку нема промени, да не се лажеме. Такашто и СДСМ и ДУИ треба да одат во опозиција ако сакаме промени“, потенцираше Николоски.






