Изградба на брза пруга Скопје-Солун со 200 километри на час којашто целосно ќе ја промени економијата на Македонија, е приоритет, вели вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.



„ До крајот на година ќе имаме завршен експресен пат Куманово-Крива Паланка како и експресен пат Прилеп-Градско кој значително ќе ја олесни комуникацијата, интензивно работиме на Охрид-Кичево, а во наредниот период многу ќе се работи на Кичево-Букојчани, на Букојчани–Гостивар, на Гостивар-Тетово како и на Прилеп–Битола. Продолжуваме посветено во интерес на граѓаните“, порача Николоски на видеото објавено на Фејсбук.

„Навистина е задоволство овие два дена да се биде со министрите за транспорт од Европската Унија. Разговараме на многу важни теми, можеби најважната тема за граѓаните а тоа е поврзувањето како полесно да се стигне од точка А до точка Б.

Презентирав – вели Николоски – што македонската влада прави во овие два и половина месеци.

„…Во однос на железницата истакнав дека приоритет број еден за Македонија е изградба на брза пруга Скопје-Солун со 200 километри на час која што целосно треба да ја промени економијата на Македонија и која Македонија треба да ја поврзе со главните пристаништа а на север со Централна Европа.

Кажав дека интензивно работиме и на изградба на железничкиот Коридор 8 каде што првата секција од пругата кон Бугараија е скоро готова, а втората секција се работи во моментов, а  однос на третата секција имаме технички предизвици кои што се надевам дека ќе ги решиме во следниот период како и предизвици во однос на проектирањето а и секако сите други пречки кои што ги спомнав во периодот што беше пред нас. Но се надевам дека ќе најдеме и заеднички јазик со цел да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде“, вели Николоски.