Ова, во врска со предизборното ветување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го појасни потпретседателот на партијата Александар Николоски.



„Не планираме да соработуваме ни со  итн“ рече Николоски во гостување на Телма.

Тој објасни дека поради кризата во светот, меѓународните кредитори какоММФ, Светска банка, ги поскапеа парите, и одат веќе и над 5 проценти, што е исклучително скапо, рече Николовски во гостување на „Телма“.

Вели дека заемот ќе биде договорен влада со влада, но и дека се води сметка за два основни предуслови.

„Каматата да е пониска од меѓународните кредитори, но повторно ќе има камата тој што ќе ги позајми парите факт е дека ќе заработи, нема да ги даде како подарок тие пари, ние би биле среќни доколку каматата е под или околу 3 проценти.

И, второ, да има еден пристоен грејс период и пристоен период на враќање на тој кредит, како би можел истиот да биде употребен за развој на државата“, рече Николоски.

Тој рече дека досега ништо конкретно не се објавува затоа што не е постигнат дефинитивен договор.

„Не можете вие од опозиција сѐ да договарате, ќе се водат разговори коишто треба ова да го дефинираат.

Ние ќе им понудиме најмалку на три држави да разговараме под исти или слични услови, ќе видиме со кој ќе се договориме. Но, она што исто така можам да го кажеме е дека многу е важно, во однос на државата, каква е состојбата со задолжувањето и каква е состојбата со сервисирањето на долгот.

Во моментот Македонија надмина 60 проценти јавен долг, којшто најчесто е со каматни стапки над 5 проценти. Овие средства ќе овозможат и тој долг да се репрограмира и да оди под 60 проценти, рече николовски.

Со една држава сме во напредна фаза, но не исклучува дека може да се појават и други држави, рече Николоски.