Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плата до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави синоќа министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.
На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината.






