Николоски: Делови од патот кон Свети Наум не беа ни чепнати уште кога бил граден, од времето на генерал Карангелевски

„Навистина ми е драго што сме покрај Заливот на коските, наjпосетуваниот музеј во Македонија, којшто од денес ќе биде подостапен по еден реконструиран пат. Овој пат се реализира и е животно важен за целото крајбрежје, за целиот туризам. Се направи современ пат, по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето, кои живеат покрај овој дел од езерото, но исто така и туристите ќе можат многу полесно да се движат.“ – изјави вицепремиерот Александар Николоски на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот патен правец Охрид (Коњско) – Свети Наум.

„Овој пат не беше реконструиран, не беше чепнат на одредени делници од годините кога беше правен првпат, кога во поранешната држава практично генералот Карангелевски практично го пробивал овој пат. Од тогаш до реконструкцијата не беше чепнат најголем дел од патот. Еве го сега завршен, реконструиран и со можност да импомогне на туристите и жителите полесно да комуницираат.“ – посочи во обраќањето вицепремиерот Николоски.

„Пред нас имаме уште големи проекти, оваа Влада е само 11 месеци. Таа се соочи со огромни проблеми. Седум години имаше пустелија во Македонија. Инфраструктурните проекти беа целосно застанати, како што беше и овој проект. Целосно застанат, имаше проблеми дали се однесуваа на реализација на проектот, дали се однесуваа на лошо проектирање, но се фативме со работа и ги решивме проблемите. “ – нагласи Николоски.