Никола Груевски не поднесе оставка!

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ се обрати вечерва нешто по 23,30 часот, но и покрај очекувањата на некои аналитичари кои тврдеа дека по убедливата победа на СДСМ тој ке ја напушти лидерската позиција, тој не поднесе оставка.



Тој избега да даде одговор на новинарскоо прашање дали размислува да даде оставка.

Одговорив на тоа, рече кусо.

Груевски обвини дека изборите се одржале во нефер и недемократска атмофера исполнета со заплашувања и закани, и дека дури и полицијата била ставена во партиска функција.

Сето ова придонело за резултатите такви какви што се.

Тој не ги оспори резултатите,  но и отворено не призна пораз.

ДИК соопшти дека СДСМ води во 43 општини, а ВМРО ДПМНЕ во 14.

За нерегуларостите партијата ќе поднесе претставки пред надлежните органи, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој најави дека по завршување на изборите ќе се изврши анализа  за да се види кои биле причините за ваквите резултати.

Некои, во оваа изјава видоа најава дека Никола Груевски по вториот круг на изборите кои треба да се одржи на 29 октомври, ќе поднесе оставка од прв човек на партијата.