Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот, вели претседателката

Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот, изјави синоќа претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на Канал 5. Во емисијата „Само интервју“, таа додаде и дека Грција или ЕУ треба да ја советува Бугарија, зашто се тврди дека нема преговори за историја, култура, наследство и јазик, а ние, како што рече, токму тоа го правиме во историските комисии. 



  • Ниту еден член од Договорот (за пријателство и добрососедство) со Бугарија не вели дека треба да го смениме Уставот. Му кажав на Макрон дека неговата филозофска теза за ЕУ ​​е исклучителна, но филозофијата не може без принципи и вредности. ЕУ има предвидено санкции доколку некоја земја-членка ги прекрши основните вредности и принципи. Без темелни вредности нема ЕУ, како филозофија на демократијата“, кажа Сиљановска.

Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот.