Низ какви понижувања минуваат Македонците што бараат бугарски пасош (видео)

Извадокот од филмот Лазар кој што македонски активисти го користат во кампањата против вадење на бугарски пасоши од страна на Македонци, најпластично ја опишува процедурата за вадеше на патна исправа на источниот сосед.



Во извадокот од филмот е прикажана сцена која што според учесници во процедурата за вадење пасош велат дека е идентична со реалноста, иако понекогаш во зависност од висината на платената провизија може да се избегне понижувањето при прием во бугарско државјанство.

Најголем дел од Македонците кои што досега извадиле бугарски пасош реално никогаш не престојувале во Бугарија туку веднаш заминуваат во земји на ЕУ каде што со овој пасош можат да работат без никаков проблем.

Сцената прикажана во филмската секвенца најдобро го прикажува понижувањето преку кое што десетици илјади Македонци морале да минат за да се стекнат со пасош на членката на ЕУ.

https://www.facebook.com/JovanKukuzel/videos/311065542629259/