Од глобалното движење „Ние сме Македонија“ им се заблагодарија на сите Македонци што учествуваа во масовните протести на 15 локации низ светот минатиот викенд, истовремено порачувајќи дека „борбата сè уште не е завршена“.
„Ние сме обединети. Ние сме силни. Ние сме Македонија. Уште многу напорна работа ни претстои и заедно нашите гласови ќе бидат слушнати“, напишаа од движењето на својот профил на „Твитер“ покрај колажот од фотографии од протестните собири и маршови во саботата и во неделата, на кои стотина илјади Македонци рекоа „не“ за промена на името на нивната татковина.
„Растојанието можеби нè разделува, но ние стоиме обединети за Македонија! Борбата сè уште не е завршена, но нема да бидеме запрени. Ви благодариме“, пишува на плакатот.





