Не ја убивајте: Мечка се појави во село во Општина Ранковце

Ловното друштво „Славишко Поле“ сподели информација на социјалните мрежи со предупредување дека мечка која се појави среде бел ден се појави во село Петралица, општина Ранковце – е заштитен вид и нејзиното убивање е казниво со закон.



„Почитувани ловџии, ценети жители на општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка!
Ве известуваме дека со закон се работи за строго заштитен вид дивеч, трајно забранет за отстрел.
Ова е тревопасно животно и ве повикуваме да не го провоцирате со никаква акција, самото ќе се повлече во шумските предели“, апелиаар од Ловното друштво.