Не треба да се отстапува од Францускиот предлог за Македонија, смета бугарскиот експремиер Петков

Кирил Петков, сопретседател на партијата Продолжуваме со промената и поранешен премиер на Бугарија, бил горд на Францускиот предлог за Македонија и смета дека неговата земја не треба да отстапува од него.



„Ние имаме апсолутно јасен договор со ЕУ. Тој не е е само меѓу Република северна Македонија и Бугарија, туку меѓу Република Северна Македонија и Европа. Тоа е јасно, постојат критериуми. Мислам дека не треба да се допира на каков било начин“, одговори Петков на новинарско барање да го прокоментира новиот обид на Македонија да почне преговори за членство во Европската унија пред да ги исполни барањата за промена на Уставот.

„Се сеќавате ли колку критики истрпивме за овој договор. Сега, пак, сите кажуваат колку е убав тој договор меѓу Европа и Република Северна Македонија, бидејќи бугарските теми не се само бугарски, тие се европските теми на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа. Горд сум на овој предлог и на овој договор тогаш и сега цврсто ќе стоиме во овие рамки“, додаде тој.