Не се знае чија е Универзалната сала

Во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала, вели министерот за култура Зоран Љутков. Како што вели министерот, префрлањето на ингеренциите од град Скопје на министерството за култура е направено на незаконски начин, а во моментов процедурата за обнова е запрена.



Преземањето на Универзална сала на Министерството за култура од Град Скопје е направено на криминален начин. Министерот за култура Зоран Љутков набрзо ќе поднесе кривични пријави против поранешната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и уште неколку лица. Потегот со преземањето било направено спротивно на закон.

Во моментов Универзална Сала е како ничија земја. Одземена од Град Скопје, но не и во владение на министерството. Љутков вели дека набрзо треба да има разрешница и план што да се прави со симболот на Скопје. Неговата намера е да и ја врати во владение на градоначалничката Данела Арсовска , односно градот повторно да стопанисува со овој објект.

  • Се работи за незаконско преземање од Град Скопје, кон министерство за култура. Министерство за култура и туризам не може да го гради тој објект. Сега не се знае во чие владение е Универзална сала, така е не се знае, затоа е и стопиран процесот затоа што ние не можеме како министерство за кулутра, како владина институција да финансираме или да градиме објект, локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа“, рече министерот.

Универзална сала е наведена како водечки проект за „Скопје – европска престолнина на културата“ за 2028 година, па стравувањата дали истата ќе добие нов сјај до тогаш остануваат. Министерот Љутков уверува, дека Универзална ќе се реконстурира, но како што налага законот.