Со употреба на физичка сила била откорната спомен плочата од Споменикот на културата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, информира МВР во дeнешниот полициски билтен.
Станува збор за релјеф од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на мермерен постамент
За вандалскиот чин првично се оглоаси архитектката, Даница Павловска- Циги, која е воедно и автор на делото.
Вандалскиот чин се случил на 9 април а покрај релјефот од бакар, откорнати се бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“ и украдени се околу 10 метри метални цевки поставени во фонтаната која е дел од споменикот. Оштетени се и неколку мермерни плочи поставени околу споменикот.
Споменикот е подигнат во 1988 година, во рамките на Првата светска средба на децата-бегалци што се одржала од 30 јуни до 3 јули 1988 година.
Ќе биде обновен споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје






