На почетокот од учебната година поголем број на деца со нетрпение го очекуваат враќањето во училишните клупи. Но, за жал некои деца имаат страв од училиште, па почетокот на учебната година за нив и за нивните родители е вистинска ноќна мора. Многу психолози сметаат дека основниот проблем за училишната фобија треба да се бара во односот на родителите кон децата. Во ваквите ситуации најчесто родителите, а не децат, се тие на кои им е по требна стручна помош.
Училишната фобија се манифестира како отпор на детето спрема одењето на училиште. Детето покажува страв од поаѓање на училиште и на разни начини се обидува да го избегне училиштето. Детето одеднаш се жали на главоболки, или болки во стомакот, а некои и отворено одбиваат да одат во училиште. Други деца пак се жалат на срцебиење, мачнина, напнатост, имаат пореметување на сонот, замор и исцрпеност, кои едноставно исчезнуваат за време на викенди, или празници кога не се оди на училиште.

Потикнете го враќањето во училиште на почетокот од учебната година, радувајте се заедно со него и организирајте нешто на првиот училишен ден. Почестете го вашето дете со сладолед ,одведете го на кино или др.

КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕТЕ НА ДЕЦАТА
- Купувајте книги, училишен прибор, облека и чевли заедно со вашето дете и овозможете му тој самиот да си избере, за да му дадете на знаење дека имате доверба во неговите одлуки
- Разговарајте со детето за важноста на училиштето, дознајте ги неговите очекувања во новата учебна година.
- Поттикнете го вашето дете да ги испланира оцените по различни предмети и ветете му дека заедно со останатите членови на семејството ќе му помогнете да го постигне очекуваниот успех





