Нацрт-спогодбата е подготвена, доставена е од грчкото МНР до грчката Влада и веројатно прво ќе биде испратена до Македонија, а потоа шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе допатува во Скопје.



Шефот на грчката дипломатија, во утринска програма на грчкото државно радио  откри дека грчкиот предлог е готов и според неговите претпоставки во март ќе дојде во Скопје, а не во февруари, како што се пишуваше.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, повторил дека за договор потребна е промена и на уставното име, бидејќи Грција „инсистира на тоа дека договорот треба да опстои во времето и да ги решава проблемите, а не да создава нови“.

„Начинот за да се обезбеди стабилност на името за кое што ќе се договориме, е да се смени Уставот. Бидејќи, како што знаете, не може во твојата надворешна политика да се викаш со некое А име, а во внатрешната со Б име“, истакна Коѕииас.