Најдобриот македонски фудбалер во моментов Бојан Миовски не го крие задоволството од изборот во тимот на годината во шкотскиот Премиершип.
„Цврсто верувам дека, ако работите напорно, што и да посакате ќе ви се оствари. Задоволство е да се биде избран во тимот на годината и не можам да опишам колку многу ми значи тоа.
Благодарам на сите!!!
Ваш БМ9“, порача на Твитер напаѓачот на Абердин и на македонската репрезентација со 24 гола во досегашниот тек од сезоната во сите конкуренции.





