Култниот македонски музички новинар Драган Б. Костиќ во своето последно обраќање до Тоше Поп Симонов го објавува последниот разговор што го водел со легендарниот македонски музички продуцент.
Драган Б. Костиќ објавувајќи слика од младоста на својот другар открива дека барал да се видат со Поп Симонов со кого живееле во исто скопско маало.

Тој ги слушал советите на Поп Симонов затоа што мислел дека продуцентот знаел се.
,,Колку те молев да се видиме, колку те молев да седнеме на муабет како некогаш, да ти кажам, да ми кажеш, да се фалам да ме кудиш, роден сум спроти Твојата куќа, речиси те знам од дете, нескротлив борец за поарно од арно, речиси го знаев секој твој проект од зародиш, Те знам подобро од секој кој мисли дека те знаае, одобрував неодобривливи нешта, затоа што знаев дека можеш да ги направиш. Кога здравјето ми одеше удолу Твоите совети, ме креваа, со мисла “Тоше знае…”, Знаеше се, за други, ама недоволно и за себе. Не верував дека оваа болка нема да ја надминеш.
Сега, со оваа болна вистина сваќам зошто не сакаше да се видиме, за да не ја видам твојата болка и немоќ да ја надминеш.
Не верувам дека не беше свесен за состојбата, но како и се, се обидуваше да го свртиш на својствен начин”, пишува Драган Б. Костиќ кој во последното постхумно барање од неговиот другар пишува: ,,Не се лути ама ке го објавам последниот разговор……”
“Како си? Само да прашам… За еден другар … “, прашал музичкиот новинар во последниот разговор со Тоше Поп Симонов кој според форматот се водел на некоја од социјалните мрежи.
Во одговорот покојниот музички продуцент одговара:
“Требаше утре да правам дупла операција, да ги смениме р’скавиците на двете колена одеднаш и во последен момент ми откажаа поради некоја микробактерија во урина. Сега таа треба да се третира антибиотски, па дури тогаш се ова”, одговара Поп Симонов.
,,Пред извесно време ти поминав покрај куќата, ама ми се стори дека во неа нема никој…”, му рекол Драган Б. Костиќ во последниот разговор на Поп Симонов.
,,Батали тоа за куќата, не ми се збори за тоа”, одговорил продуцентот во последниот разговор со музичкиот новинар.
,,Баталив. Ама Тебе никогаш нема да те баталам. Ке ми бидеш светлата ѕвезда на мое минато. Кое никогаш нема да го заборавам. Би можел да напишам уште милион зборови, ама очите ме издаваат. И солзите во нив.
До некои други времиња и средбите во нив….”, пишува во последниот поздрав Драган Б. Костиќ со својот другар.
Поп Симонов кој почина вчера е еден од најплодните македонски музички работници и голем хуманист.
Не дочека уште еден ден Велигден да се радува на легендарната песна во чие создавање учествуваше пред 35 години






